

giftcards.mk вредносните картички се сопственост на Друштвото за интернет продажба и маркетинг СКАЈРОКЕТ ДООЕЛ Скопје како издавач на истите.Секоја gift картичка важи за купување на производи или услуги во продажните објекти на субјектот за каде истата е купена. Доколку постои можност некоја gift картичка да се користи на повеќе продажни места, истото ќе биде наведено во нејзиниот опис.
giftcards.mk вредносните картички се валидни за купување на производи и усуги исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.
Важноста на gift картичката e 1 година од денот на купување на истата од веб страната на giftcards.mk.
Вредноста на gift картичката не може да биде префрлена на друга картичка, ниту пак да биде заменета за пари.
Вредноста на gift картичката може да се искористи во целост при едно купување или пак истата да се користи повеќе пати, сè додека нејзината вредност не биде целосно искористена. Можете слободно да го прашате продавачот да Ви ја каже преостанатата сум на вашата giftcards.mk gift картичка. Доколку сумата преостаната на вашата gift картичка е недоволна за посакуваниот производ, разликата ќе треба да ја доплатите во ќеш или со платежна картичка.
По истекот на важноста на gift картичката од 1 година, истата станува неактивна, а преостанатиот изност не се враќа и не може да биде префрлен на друга gift картичка.
Бидејќи секоја giftcards.mk картичка е еквивалент на ќеш, при нејзино губење, кражба или оштетување, истата не може да биде блокирана, заменета или рефундирана и giftcards.mk не ја сноси одговорноста за ниту едно од погоре наведените. Исто така, било какви измени, модификации или додатоци на оригиналната форма и изглед на секоја gift картичка ја прават истата да биде неважечка.
Доколку имате било какви дополнителни прашања во врска со користењето на giftcards.mk картичките, слободно пишете ни на support@giftcards.mk
Горе наведените услови и правила се активни од 01.11.2020.