Logo

За нас

giftcards.mk е специјализирана платформа за продажба на гифт картички. Наша главна цел е да Ви овозможиме секогаш да го пронајдете вистинскиот подарок.

Сите знаеме дека купувањето на подарок понекогаш знае да одземе многу време и притоа да предизвика нервози, а ризикот дека подарокот нема да им се допадне е голем. Со нашите гифт картички вие сте сигурни дека секогаш ќе го подарите вистинскиот подарок. Тоа е можно бидејќи имаме огромен избор на најразлични гифт картички соодветни за секого и за секоја прилика. Постојано воспоставуваме соработки со различни брендови и компании со цел да ви понудиме нови идеи за подароци. Од модни брендови до ресторани, од членарини за теретани до спа третмани, во giftcards.mk работиме посветено за да ви го понудиме вистинскиот подарок за секоја прилика. Кај нас можете да најдете инспирација за Нова година и Божиќ, 8ми Март или Денот на вљубените, родендени или годишнини, свадбени или матурски и дипломски подароци.

И како најважно од сè, сакаме купувањето на подарок да Ви биде што е можно полесно. Затоа ја креиравме нашата веб продавница едноставна и достапна за сите. Во само три чекори вие можете лесно, брзо и сигурно да ја нарачате вашата гифт картичка. Со додавање на лична порака и „cool“ пакување, вашиот подарок ќе биде уникатен и персонализиран. Изберете помеѓу физичка или дигитална гифт картичка и испратете ја преку пошта, email или СМС.

Уживајте во купувањето!

Giftcards logo