Услови за замена и враќање на производ
Со купување на производ од giftcards.mk вие се согласувате со општите услови за достава, замена и враќање на производи.
Замената се врши само во случај кога производот е нефункционален, оштетен или доколку е испратен грешен производ.
Ве молиме имајте предвид дека не нудиме можност за замена на вредносните картички во форма на парични средства, ниту пак можност за замена за друг бренд на вредносна картичка.
Секоја гифт картичка може да биде искористена исклучиво во продажните места на соработникот (брендот) за каде истата е наменета.
При преземање на пратка со физичка гифт картичка Ве молиме во присуство на курирот да го проверите својот пакет. Доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) производот не би требало да го преземете. Во овој случај ве молиме да ни испратите емаил со Вашите податоци (име, презиме и телефон) на адресата support@giftcards.mk и да ги наведете причините поради кои сте одбиле да го преземете производот. Во најкраток можен рок ќе Ве известиме за понатамошната постапка.
Го задржуваме правото да направиме измени на нашите услови за замена и враќање на производ, затоа Ве замолуваме повремено да ја посетувате оваа страница како би биле информирани за најновите измени.