Услови за користење на giftcards.mk вредносните ваучери
giftcards.mk вредносните картички се сопственост на Друштвото за интернет продажба и маркетинг СКАЈРОКЕТ ДООЕЛ Скопје како издавач на истите. Секоја гифт картичка важи за купување на производи или услуги во продажните објекти на субјектот за каде истата е купена. Доколку постои можност некоја гифт картичка да се користи на повеќе продажни места, истото ќе биде наведено во нејзиниот опис.
giftcards.mk вредносните картички се валидни за купување на производи и усуги исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.
Важноста на секоја гифт картичка e наведена на самата картичка како и во нејзиниот опис на веб страната.
Вредноста на гифт картичката не може да биде префрлена на друга картичка, ниту пак да биде заменета за пари.
Вредноста на гифт картичката може да се искористи во целост при едно купување или пак истата да се користи повеќе пати, сè додека нејзината вредност не биде целосно искористена.
Можете слободно да го прашате продавачот да Ви ја каже преостанатата сум на вашата гифт картичка. Доколку сумата преостаната на вашата гифт картичка е недоволна за посакуваниот производ, разликата ќе треба да ја доплатите во ќеш или со платежна картичка. По истекот на важноста на гифт картичката, истата станува неактивна, а преостанатиот изност не се враќа и не може да биде префрлен на друга гифт картичка. Бидејќи секоја giftcards.mk картичка е еквивалент на ќеш, при нејзино губење, кражба или оштетување, истата не може да биде блокирана, заменета или рефундирана и giftcards.mk не ја сноси одговорноста за ниту едно од погоре наведените. Исто така, било какви измени, модификации или додатоци на оригиналната форма и изглед на секоја гифт картичка ја прават истата да биде неважечка. Доколку имате било какви дополнителни прашања во врска со користењето на giftcards.mk картичките, слободно пишете ни на support@giftcards.mk.
Горенаведените услови и правила се активни од 01.11.2020.