Како можеме да ти помогнеме?

Често Поставувани Прашања

Разгледај ги прашањата подолу за да го пронајдеш одговорот што го бараш. Доколку не успееш слободно пиши ни во порака, а ние ќе се потрудиме да ти одговориме во најкус можен рок.

giftcards.mk е компанија специјализирана за продажба на гифт картички. Наша главна цел е да се осигураме дека секогаш ќе го најдете вистинскиот подарок.

Секоја гифт картичка има своја вредност. Таа може да биде искористена како платежно средство за купување на производи и услуги од страна на корисникот.

Физичките гифт картички се пластифицирани картички кои можат да бидат доставени до Вашата адреса или до адресата на примачот на картичката. Овие картички, исто така, можат да бидат спакувани за било каква пригода.

Дигиталните гифт картички се испраќаат веднаш до Вашата емаил адреса или до емаил адресата на примачот. Дигиталните гифт картички можат да бидат персонализирани со Ваша порака која би го направила подарокот уникатен.

Најпрво проверете во Spam или Promotions фолдерите. Доколку не успеете да го пронајдете тука, пишете ни на support@giftcards.mk и ние ќе се потрудиме веднаш да го добиете вредносниот ваучер на дадениот email.

Со цел искуството на купување да го направиме најлесно што може, не е потребно да креирате корисничка сметка.

Физичките гифт картички можат да се платат со картичка на нашата веб страна или во готовина при испорака. Дигиталните гифт картички можат да бидат платени само со картичка на нашата веб страна.

Можете да ги користите сите дебитни и кредитни картички издадени од страна на Master Card, Maestro, Visa и Diners. Ве молиме осигурајте се со вашата банка дали Вашата картичка може да биде користена за плаќања преку интернет.

Вредносниот ваучер може да се искористи само на веб страната на giftcards.mk. Одбери ја твојата гифт картичка и истата додади ја во Кошничка, потоа внеси го кодот од ваучерот во назначеното поле и неговата вредност ќе биде пресметана. Кликни на копчето „Нарачај“ и твојата гифт картичка веднаш ќе пристигне на твојата имејл адреса или СМС.

Не го најде одговорот?